Железничката станица во Охрид, 1961 година

  Фотографијата која деновиве ќе ја краси нашата насловна страна, барем за миг е патување во минатото, во 1961 година, кога во Охрид била во функција Железничката станица.  

 Прикажан е патнички воз, влечен од локомотивата 99.4-027, а оваа фотографија во фејсбук групата `Охрид слики од минатото` ја сподели нашиот сограѓанин Милчо Георгиевски.