Во тек се уписите на кандидати за подготовка за полагање на TOEFL!

 Поради големиот интерес Црвен крст Охрид започнува нов, пролетен циклус на подготовка на кандидати за полагање на TOEFL (Test of English as a Foreign Language). Подготовката, која во вид на часови ќе започне да се реализира на 11 февруари 2019 г, ќе трае 10 недели, а ќе ја спроведува волонтер на Мировен корпус Македонија, кој работи во организацијата на Црвениот крст Охрид.

 Заинтересираните кандидати можат да се пријават во просториите на Црвен крст Охрид, или на тел. 046 262-706 и 070 315309 или на е-маил ohrid@redcross.org.mk најдоцна до 10.02.2019 г.

 TOEFL (Test of English as a Foreign Language) е најраспространет и светски прифатен тест за проверка на знаењата за англискиот јазик.  9000 унвирезитети, колеџи, агенции го признаваат тестот и тоа во 130 земји ширум светот вклучувајќи ја и Македонија. TOEFL е тест кој исто така се користи за докажување на познавањето на англискиот јазик за државната администрација во Македонија