Фото на насловна - Убавина која веќе ја нема

 Фотографија која деновиве ќе ја краси нашата насловна страна ја позајмивме од фејсбук групата `Охрид слики од минатото`, а таму ја постираше нашиот сограѓанин Милчо Георѓиевски кој за фотографијата запиша дека е сведок на една убавина која веќе ја нема.

 Една од најубавите стари куќички во Охрид на аголот помеѓу улиците "Самоилова" и "Методи Патчев" која за жал отиде во заборав.
Беше едно од обележјата на Варош и вистински симбол поради кој многумина го паметеа Охрид и доаѓаа во него, особено по расцветаната глицинија што лазеше по нејзиниот источен ѕид од која можеби поубава е (за среќа сé уште) онаа кај црквата Св. Богородица Перивлепта. Фотографијата е од 1954 година.