Објавен видео-записот за песната `Вечниот Бог` во изведба на детскиот црковен хор од село Велгошти (видео+фото)

 На последниот ден од оваа година, во етерот е пуштен спотот кој изминатиов период се снимаше во село Велгошти по повод бадниковата манифестација `Бадникови поворки`.



 Спотот го изработија Томе и Кристијан Љушеви, аранжманот е на Кристина Шокароска и Сена Заде, а тон мајстор е Александар Јосифовски.

Екипата која работеше на спотот изрази особена благодарност до црковниот одбор на село Велгошти - Трајче Кочески, Кате Граждани, Ангеле Бошкоски, Благоја Достиноски, како и до  Општина Охрид, со посебна благодарност до градоначалникот на Охрид Проф. Д-р Јован Стојаноски.


 
Вечниот Бог
 
Вечниот Бог слезе и во Дева се всели
Свет, Свет, Свет си и Пресвет Господи;
Царот на сите и Господ, дојде Адам да го преобрази;
Луѓе радувајте се, играјте, ангели веселете се;
Прими Го Витлееме Господ твој, Царот на сите и Владика;
Мудреци од Исток доаѓаат, дарови да принесат достојни;
Да се поклонат на Господа, во пештера родениот;
Кога слушна Ирод за настанот, целиот се потресе злобниот;
Вака вели на свештениците, кои Му служат на Господа;
Кажете ми мудри учители, каде треба Он да се роди;
Обземен од бура на помисли, Јосиф намисли да Ја отпушти;
Ноќта, пак, во сонот слушна глас, ангел Господов му проговори;
Денес сета твар да се радува, нек҆ торжествува и се весели;
Светлина на светот му засветли и тие во мракот ги осветли;
Сите на Христа да Му пееме, Он заради нас се воплоти;
О, Дево, Мајко, Владичице, спаси ги христијаните.