Вечерва не пропуштајте го големиот концерт на Камелеон!

 Членовите на групата, кои изминатиов преиод интензивно се подготвуваа за концертот, ветуваат ноќ за паметење!

 Овој концерт ќе заокружи 20 години од формирањето на Камелеон, а со тоа ќе се отвори и страницата на новата историја која допрва ќе се испишува, новите 20 години.

 Во рамките на промотивните активности, изработен е и посебен документарен филм за 20-те години од постоењето на групата, кој ќе се емитува на програмата на ТвМ телевизија, денес, со почеток во 17:30 часот.
На сцената на Домот на култура „Григор Прличев“ во Охрид, денес (29-ти декември), точно во 19:00 часот е закажан стартот на музичката приказна за 20-те години од постоењето на групата „Камелеон“. Билетите се пред распродавање и можат да се купат по цена од 250 денари во „Тамаро 7“ маркетот (АСНОМ) и „Тамаро 6“ маркетот (фабрика „Братство“), како и во музичката продавница ZZ Top.