Побрзајте, билетите за големиот концерт на `Камелеон` се пред распродавање!

 Концертот во чест на 20 години од постоењето на групата Камелеон е пред комплетно распродавање.
 
- Сакаме да Ве информираме дека билетите на дел од продажните места се комплетно распродадени, а истите може да се купат уште на овие локации - „Тамаро 7“ маркетот на улица „АСНОМ“, населба „Бејбунар“, „Тамаро 5“ маркетот, на улицата „7-ми Ноември“, во склоп на фабриката „Братство“ и во Music Shop ZZ Top. Цената останува иста, само 250 денари. Ве очекуваме на добра забава и ветуваме дека ќе имаме ноќ за паметење, велат членовите на групата.
 
На сцената на Домот на култура „Григор Прличев“ во Охрид, во сабота, на 29-ти декември, точно во 19:00 часот е закажан стартот на музичката приказна за 20-те години од постоењето на групата „Камелеон“.
  •