Ви требаат причини зошто за време на празниците да го посетите Охрид?

 Ако се прашувате каде и како да ги поминете Новогодишните празници, ние ќе ви дадеме мотив, без двоумење да го посетите Охрид.

Охрид не е само центар за летување, Охрид е туристичко место кое плени со својата убавина и магичност во секој ден, секој миг, секое годишно време.

Охрид секогаш ве чека во убава атмосфера, со многу топлина и љубов, при тоа настојувајќи соодветно да одговори на сите ваши желби и потреби.



Охрид нуди цени кои се достапни за сечиј џеб, така што и оние кои стравуваат мже да се опуштат и релаксирано да го минат својот одмор во нашиот град – ќе вкусат многу задоволства по достапни цени, кои нема да ве остават незадоволни.

Охрид ви нуди ресторани, пицерии, угостителски објекти кои несебично се грижат за вашиот префинет вкус. Уживајте во секогаш свежо подготвена храна, со неа го поттикнувате хормонот на среќа. 

Охрид има голем број културно-историски споменици, кои се достапни за посета и во зимскиот дел од годината.



Охрид има богати програми, настани, случувања, кои ќе ве поттикнат да ги посетите и да уживате во незаборавна забава.

Охрид со својата природа секогаш креира пејзажи, кои се неодоливи и ве измамуваат да ги овековечите и да бидат дел од вашите неизбришани спомени.

Охридските утра се лек за секоја рана – покрај свеж воздух, спокој и езерски бранувања, едноставно многу брзо ќе ги наполните батериите после ноќните прослави и авантури.



 Има уште многу да се пишува, да се раскажува и да се претставува за Охрид.. но не би било фер сето тоа ние да го напишеме. Оставаме на вашата посета и впечатоците кои тука ќе ги добиете – да ни пишете и да го прераскажете своето искуство. Најдобрите впечатоци секогаш се прикажуваат преку фотографии.. Затоа, дојдете, искусете и споделете со нас.
 
Имајте Среќни празници!
 
 
 ohridmagazine.com