Фото на насловна: Охридскиот плоштад 1975 година

  Овој пат на нашата насловна страна просторот е отстапен за охридскиот плоштад пред 40-ина години, односно во 1975 година.

 Секој би се согласил дека ваквите потсетувања будат убави спомени, носталгија по едно мирно, одминато време, кое не сакаме да остане во заборав, токму поради начинот и темпото со кое денес живееме, и секако денешниот лик кој има задржано мал дел од она што некогаш беше Охрид. Фотографијата е позајмена од фејсбук групата `Охрид слики од минатото`, каде за јавноста ја објави Милчо Георгиевски.