Бидете подготвени за температурните промени кои следат - во Охрид денес пролет, од вторник зима (фото)

 Денешниот ден сјаеше од убавина, раздвиженост, топлина. Температурите невообичаени за овој период од годината, донесоа многу сонце и ги измамија луѓето на прошетки и викенд – одмор.

 Метеоролозите и за утре прогнозираат сонце и температурен максимум од 11°С, но утрешната ноќ ќе донесе заладување, пад на температурите, па така во вторник максимумот ќе достигне само 1°С. Ваквите промени кои следуваат треба подготвено да ги дочекаме, и да внимаваме на нашето здравје кое во вакви околности е најизложено на настинки и вируси.

Еве како изгледаше денес нашиот Охрид: 







фото: ohridmagazine