Откажано и китењето на подводната новогодишна елка

  Поради смртта на градоначалникот на Општина Охрид, д-р Јован Стојаноски, откажано е и  традиционалното китење на подводната новогодишна елка, информираат од клубот за подводни дејности „Охрид“ и нуркачкиот центар „Амфора.

 Градоначалникот Јован Стојаноски беше голем вљубеник на спортот, на градот Охрид и на Охридското Езеро, посебно залагајќи се за негово зачувување за идните генерации, па во негова чест донесена е заедничка одлука оваа година да не се одржи манифестацијата `Подводно китење на новогодишната елка`, стои во известувањето.

Китењето на новогодишната елка под вода има 16-годишна традиција, а претставува настан посветен на најмладите и на лицата со ретки болести.