Денес сончево, но студено време

 Денес во Охрид времето ќе биде делумно сончево и студено, со максимална дневна температура од 4°С.

Од утре ќе се забележи мал пораст на дневните температури, а во среда  дневниот максимум ќе биде највисок за овој период, кога се очекува да се искачи  до 12°С.

Минималните температури овие денови ќе се движат од 1° до 5°С.

За следниот викенд метеоролозите најавуваат уште еден влажен бран со врнежи од дожд, а на повиоките места со можност за снежни врнежи.