Водата за пиење во Струга не е здравствено безбедна

 Од Центарот за јавно здравје Охрид информираат дека поради обилните врнежи од дожд кои деновиве го зафатија подрачјето на општина Струга, дојде до нарушување на квалитетот на водата за пиење од градската водоводна мрежа во Струга, по однос на параметарот матност.

 Од извршените мерења на водата за пиење од градскиот водовод во Струга, од страна на екипи на Центар за јавно здравје Охрид, денес претпладне, констатирана е зголемена матност на водата за пиење, со вредности значително поголеми од законски пропишаните.

Поради тоа и согласност Правилникот за безбедност на вода, информираат дека водата од градската водоводна мрежа во Струга и селата кои се приклучени на градската водоводна мрежа, не е здравствено безбедна и истата не треба да се користи за пиење.

 Согласно процедурите, известени се надлежните институции и соодветните инспекциски служби за натамошно постапување.

Центар за јавно здравје Охрид во координација со надлежните институции континуирано ја следи состојбата и навремено ќе информира за состојбата со квалитетот на водата во градскиот водовод во Струга.