Охридскиот плоштад во 60-те години на минатиот век

 Убави и интересни се спомените, сеќавањата, миговите на кои со носталгија секогаш се присетуваме.

 Повозрасните секогаш се носталгични, а младите љубопитни да откријат како било и како се живеело некогаш, во времето на нивните предци. Ние секогаш се обидуваме да зачуваме дел од тие спомени преку фотографии кои го доловуваат Охрид во минатото.
 Оваа фотографија е приказ на охридскиот плоштад во почетокот на 60-те години на минатиот век, која за јавноста ја постираше Климе Белкоски во фејсбук групата `Охрид слики од минатото`.