Највеселиот кловн во Охрид, Тетка Анета Кловнета, денес го слави соето полнолетство

 Приказната започна во септември во 2001 година, кога во Охрид за прв пат започна со работа Детскиот креативен центар Весели БОИ наспроти старото кино на улицата Даме Груев бр. 15.


 Пријатно детско катче каде многу деца од нашиот град ги започнаа своите кариери како пеачи, глумци, сликари, модни креатори, манекени, инженери, доктори, адвокати, психолози, педагози...

 Се прославија и многу родендени од каде произлезе потребата за аниматор на детските прослави и забави, и така се роди идејата за највеселиот кловн на светот Тетка Анета Кловнета.



 Волшепството започна на 22-11-2001 година, кога Васко Ивановски го прослави својот 9ти роденден за прв пат со специјалниот гостин со оригинален костим дизајниран и шиен од рацете на професионалниот костимограв во Драмски Театар Скопје, Раде Василев. Заедно со децата растеше и се менуваше и кловнот што ги крадеше насмевките на минувачите, кој ги правеше и се уште ги прави среќни и децата и родителите и бабите и дедовците.



 Брендот Весели БОИ две сезони имаше авторска детска емисија на локалната телевизија ТВМ, каде продефилираа огромен број  деца од Охрид, Струга и околината,  низ креативните интерактивни рубрики.

  Покрај семејните прослави родендени, свадби, крштевки, сунети Тетка Анета Кловнета беше дел и од национални кампањи на неколку фирми, учествуваше на детски манифестации како фестивалот,, Распеано Рибарче,, бројни детски прослави во институции, огромен број хуманитарни настапи во рамките на програмите на Црвен крст Охрид.



 Од минатата година подружницата Весели БОИ ја збогати својата понуда и започна со организирање и реализирање на секаков вид настани за деца и млади преку мултимедијални проекти за големи компании и за приватни забави.



 18 генерации  деца ги раскажуваат доживувањата од дружењето со највеселиот кловн, среќата веќе е двојна бидејќи тие деца веќе се родители и имаат нивни деца, а кловнот се уште е ист.



 Тетка Анета ни најави дека во изработка е и веб-сајтот, каде посетителите ќе може да се информираат, да закажат термин или пак да се пронајдат себеси на некоја од фотографиите кои ќе бидат своевремено поставени.
www.veseliboi.mk
 Заедно со веб-сајтот, ново е и логото на Весели Бои, по кое децата ќе ја препознаваат Тетка Анета Кловнета.
И двете изработки се дело на Pixily Studio, чија дејност е програмирање, фотографија и маркетинг, а Тетка Анета им е бескрајно благодарна за оваа соработка. 


Тетка Анета Кловнета, редакцијата на ohridmagazine  Ви посакува оваа приказна да трае уште долго, долгоо... Уште безброј насмевки, весели бои и најсреќни деца да станат дел од оваа успешна приказна!

Среќен роденден!!!