Во чест на меѓународниот ден на Децата - 20-ти Ноември

 Меѓународниот или Светскиот ден на децата е годишен меѓународен настан кој се слави на 20 ноември.

Усвоен е од страна на Генералното собрание на ОН во 1954 година, со цел се слави сите земји во ист ден.


Овој ден промовира меѓусебна интеракција и разбирање помеѓу децата низ светот. Овој ден се одбележува за да се привлече вниманието на јавноста за обврските на општеството кон децата, како и за актуелните проблеми со кои се соочуваат децата.

Приказна за добра ноќ по повод овој ден.. за сите деца

 Правата на децата се воспоставени со Конвенцијата за правата на детето, усвоена од Генералното собрание на Обединетите нации во 1989 година. Основните принципи на Конвенцијата се: правото на живот, опстанок и развој; најдобар интерес на детето; право на учество; право на недискриминација.

Многу е направено за подобрување на состојбата на децата, но долг е патот за остварување на основните права на децата, особено на децата од ранливите и маргинализираните групи кои живеат во сиромаштија, исклучени од системот на образование и општеството.

Спречување на насилството врз децата и дискриминација, обезбедување на еднакви услови за живот, здравство, социјална заштита, квалитетно образование на располагање, дополнителна поддршка, игра и дружење е задача на секој од нас, а не само родителите и вработените во институциите.