Првиот снег за оваа сезона ја обеле Галичица

 Ниските темератури, заладувањето кое веќе е очекувано овој период од годината, го донесоа првиот снег за оваа сезона.

 Утрово се забележува белината на Велестово и Галичица, слаба нежна покривка, која сепак е доволен показател дека зимата е на прагот.

Студено и влажно време се прогнозира и за викендов, кога максималната температура ќе биде до 4ºС, а минималните ќе се спуштат до 1°С под нулата. 

Фотографијата  со пристигнатиот снег утрово ја направи нашиот сограѓанин Митко Лукан.