Зимски температури на залезот на доцната есен

  
 Денешното утро во Охрид беше студено со измерен 1°С, додека дневниот максимум го достигна 5-от степен од Целзиусовата скала.

И ноќва ќе биде студено, исто како и викендов кој е пред нас, кога минималните температури се очекува да се спуштат еден степен под нулата а  максималната температура да достигне 4°С, што ќе донесе облачно време со зголемена влажност на воздухот и поголеми можности за врнежи од дожд.