Компанијата Рамстор Македонија своето 13 годишно постоење го одбележа со крводарителска акција (фото)

 Своето 13 годишно постоење и активна работа во Македонија, компанијата Рамстор Македонија го одбележа на хуман начин, како партнер на Црвен крст Охрид и Одделот за трансфузија во реализацијата на крводарителска акција.

 Вработените во Рамстор Македонија, предводени од регионалниот директор за продажба на Рамстор, Г-дин Ayhan Caliskan денес во Одделот за трансфузија во Охрид ја покажаа својата хуманост и висока општествена одговорност дарувајќи крв.