Бреинобреин центарот со хуманитарен настан за Сара

 Центарот за развивање на животни вештини БРЕИНОБРЕИН-ЦРВЕН КРСТ ОХРИД на 04.11.2018 (недела) на градскиот плоштад „Св. Климент Охридски“ во Охрид организира хуманитарна продажна изложба на домашни специјалитети приготвени од родителите на децата кои ја следат Бреинобреин програмата во нашиот центар. Сите средства од продажбата на производите ќе бидат наменети за помош во лекувањето на Сара Настеска.

Настанот започнува во 11 ч, а добредојдени се сите хумани луѓе кои сакаат уште еднаш да ја искажат својата хуманост за Сара и воедно да уживаат во прекрасните вкусови на слатки и солени специјалитети.