`Артистите за Сара` - утре во НУЦК `Григор Прличев` - Охрид

 Утре, недела, 04.11 2018, уште еден културен настан со хуманитарен карактер, насловен `Артистите за Сара`  во Центарот за култура `Григор Прличев` - Охрид.

 Со цел да се помогне да се обезбедат средства потребни за трансплантација на коскена срж на нашата сограѓанка Сара Настеска, охридскиот Центар за култура оргазнизира голем културен настан наречен `Артистите за Сара`, со многу музика, стендап и кабаре. Ќе настапат: Никола Тодороски, Стрезо Стаматоски, Јован Куциноски, Јане Тодороски, Зоран Донев, Јован Цветкоски, Илија Богданоски, Никола Сиљаноски и Јордан Коцевски.

Билетите по цена од 200 денари може да се купат на билетарата на Центарот за култура, а настанот е закажан за 20 часот.