`НА КРИЛЈАТА НА ЉУБОВТА` – хуманитарна свечена приредба на ЈОУДГ `Јасна Ристеска` – Охрид

 ЈОУДГ `Јасна Ристеска`  својот 55 годишен јубилеј ќе го одбележи со свечена приредба насловена `НА КРИЛЈАТА НА ЉУБОВТА` која ќе се одржи во Центарот за култура `Григор Прличев` во среда, 07.11.2018, со почеток во 18 часот.

 Претставата на која ќе учествуваат дечињата од големите (претшколски) групи ќе биде со хуманитарен карактер, со тоа што влезот за приредбата ќе чини 100 денари. Собраните средства ќе бидат наменети за лекувањето на Сара Настеска.

СО ЉУБОВ ЗА САРА!