Отворен конкурсот за РАСПЕАНО РИБАРЧЕ 2019

 Здружението на музичари и изведувачи од Охрид започна со подготовките за детското фестивалче `Распеано Рибарче 2019`.

Новото издание на фестивалчето ќе се одржи идната пролет, а конкурсот веќе е распишан за сите заинтересирани автори на музика, текст и аранжман, како и за децата изведувачи.

Фестивалскиот совет ги повикува сите зинтересирани да достават оригинални детски песни кои до сега не се изведувани.

Децата изведувачи пожелно е да се на возраст од 6 години нагоре, а за нив дополнително ќе биде одржана аудиција, а посебно ќе има избор и за членовите на хорот и балетските групи.

Сите заинтересирани подетални информации може да добијат на телефонскиот број 070/ 304 026

Рибарчиња – фестивалчето чека на вас!