Свечена литургија во манастирот Св.Петка во Велгошти по повод Петковден

 Дебарско-кичевската епархија ги известува православните верници дека на ден 27.10 2018 (сабота), по повод одбележувањето на споменот на Св. Преп. Параскева-Петка Епиватска (Петковден), како еден од манастирските празници, во манастирот Св. Петка во с. Велгошти, ќе се служи Света архиерејска литургија со која ќе чиноначалствува митрополитот Дебарско-кичевски и  администратор Австралиско-сиднејски г.Тимотеј.

Светата литургија ќе започне во 8:45 часот.