Во понеделник извлекување на наградите од спортско-рекреативната хуманитарна акција `ЗА ПОСРЕЌНО ДЕТСТВО`

 
  Заблагодарувајќи се на сите оние кои што учествуваа, ја помогнаа и поддржаа овогодинешната хуманитарна и спортско-рекреативна акција „ЗА ПОСРЕЌНО ДЕТСТВО“, Црвен крст Охрид информира дека извлекувањето на добитниците на преку 50 награди ќе се изврши на 29.10.2018 година во 20ч.

Извлекувањето на наградите ќе може да се следи на следниот линк: https://youtu.be/o9GwppNU5IQ

                Подгответе ги учесничките броеви-талончиња што сте ги купиле и следете го извлекувањето на наградите на линкот:  https://youtu.be/o9GwppNU5IQ

                Доколку биде извлечен бројот на Вашето талонче, истото треба да го приложите во просториите на Црвен крст Охрид за да ја подигнете наградата.

                 Црвен крст Охрид, дел од собраните средства во хуманитарната спортско-рекреативна акција „ЗА ПОСРЕЌНО ДЕТСТВО“ во висина од 30.000 денари ќе ги намени за помош во лекувањето на Сара Настеска од Охрид.