Бреинобреин генијалците од Охрид најдобри во Македонија

 Охридските БРЕИНОБРЕИН ГЕНИЈАЛЦИ повторно најдобри во Македонија.

Сите 57 учесници на VI-от Национален БРЕИНОБРЕИН натпревар што се одржа на 21 октомври (недела) во Скопје во конкуренција од 336 натпреварувачи од  19 центри во Македонија, се закитија со одличја, од кои 32 трофеи, 14 златни медаљи и 11 сребрени медаљи, со што уште еднаш се потврди дека Центарот за развивање на животни вештини БОБ-Црвен крст Охрид е најуспешен во Македонија. Дополнително на тоа е и што најдобриот резултат на овој натпревар го постигна ученик од охридскиот центар.