Во среда такси `Де Лукс` ќе вози за Сара

  Во среда (24.10.2018), такси `Де Лукс` ќе вози хуманитарно.

Сите собрани средства од возењата во среда ќе бидат донирани за лекување на нашата 15-годишна сограѓанка Сара Настеска.  Телефонските броеви на такси `Де Лукс` се 13-088 / 070-241-588 и 078-251-588. Од компанијата порачуваат – возете се безбедно и помогнете го лекувањето на Сара!
Од таму упатуваат и апел до другите такси компании да се приклучат кон оваа хуманитарна акција.