Охрид се мобилизира за Сара!

 Бројните спортски настани овој викенд, но и поттикнати активности од наставници, ученици, родители, медиуми, уметнци, се во знакот на хуманоста и желбата да се помогне и врати насмевката на лицето на 15-годишната Сара од Охрид, кај која неодамна беше дијагностицирана ANEMIA APLASTICA, болест кај која неопходна е трансплантација на коскена срцевина, а како единствен сроден донор е нејзиниот 13-годишен брат Виктор.

 Настаните кои се организирани се со хуман предзнак, и секој собран денар ќе се донира на семејството на Сара. Лекувањето е неопходно да се изврши во Германија, во специјализирана клиника која нуди висока успешност со низок ризик.

Денес и во скопската Зоолошка градина е поставена кутија за донации, и сите посетители може да донираат.

Донаторски кутии од екипи на Црвен крст  ќе има и на спортските настани денес и утре во Охрид:

Сабота:

Во 14:30 – на натпреварот ФК Охрид -  ФК Караорман
17:30 – на кошаркарскиот натпревар КК АВ Охрид – КК Куманово
19:30ч. – на ракометниот натпревар РК Охрид – РК Струга

Недела:

13:00ч. – КК АВ Охрид М16 – КК Црн Дрим
14:30ч. – на натпреварот во фудбал ФК Струга Трим Лум – ФК Гоблен Јуниор


 Општинското основно училиште `Григор Прличев` исто така организира хепенинг за помош на Сара, која своето основно образование го стекна токму таму, а во истото училиште учи и нејзиниот брат.

 Наставниците и учениците ги покануваат хуманите сограѓани на хепенингот кој ќе се одржи во среда во 16:30 часот, на кој паралелно ќе се одржат две продажни хуманитарни акции:
 - Наставниците за Сара!
- Школските другари за Сара!

 Во школската сала од ОУ `Григор Прличев` пак, во недела со почеток во 19 часот ќе се организира маскенбал по повод `Halloween` за учениците од осмо и деветто одделение и за средношколци од прва и втора година. Влезот е 100 денари, и собраните средства ќе бидат наменети за лекувањето на Сара Настеска.


 Хуманите граѓани може да донираат и со јавување на отворените телефонски линии, и тоа 143 102 за корисниците на Телеком и 143 480 за корисниците на ВИП.

И не само охриѓани, туку и сите воопшто, кои сакаат да помогнат може да донираат и преку уплата на средства на следнава сметка: 200001557959672  - Горан Настески, депонент Стопанска банка.