АПЕЛ ЗА ПОМОШ!!! – Да спасиме млад детски живот!

 На 15-годишната Сара Настеска од Охрид деновиве и е дијагностицирана ANEMIA APLASTIKA, и поради тоа најитно е потребно да се изврши трансплантација на коскената срж, за да може девојчето да има здрав и нормален живот.

 Како единствен сроден донатор на коскена срцевина е нејзиниот две години помлад брат, а трансплантацијата неопходно е да се изврши во клиника во Германија, која нуди висока успешност со низок ризик. За целиот процес на лекување се потребни над 200 000 евра, зависно од времетраењето на лекувањето.  

Семејството на Сара упатува апел до сите хумани сограѓани да ги поддржат и да помогнат, секој според сопствените можности, за што поскоро и успешно да заврши овој лош период нивниот живот.

Секој кој е во можност да донира, тоа може да го стори со уплата на трансакциската сметка 200001557959672 – Горан Настески, депонент Стопанска Банка.