Во НУ Библиотека „Григор Прличев“ во Охрид средба со поетот Наум Трајчески

 Утре, петок во 12 часот во „Прличевата одаја“ на НУ Библиотека „Григор Прличев“ во Охрид ќе се одржи средба со роднокрајниот автор – поетот Наум Трајчески кој долги години живее и твори во Квинбијан, Австралија.

Трајчески за стихозбирката „Одминато време“ годинава ја доби наградата „Стојан Христов" востановена од Агенцијата за иселеништво за најдобра книга од поет - иселеник од Македонија меѓу две изданија на Струшките вечери на поезијата.



Издавач на „Одминато време“ е НУ Библиотека „Григор Прличев“ -  Охрид.

На средбата на Наум Трајчески со читателите за неговото творештво и инспирација ќе говорат Тоде Илиевски и Милчо Јованоски.