Највкусниот и најбрз рецепт за познатите охридски пинерли

 
 Во рубриката со охридски рецепти, или рецепти подготвени на охридски начин, денес ви претставуваме еден сосема едноставен, но и тоа како вкусен рецепт за охридски пинерли.


За тестото е потребно:

Еден свеж квасец
Половина литар млеко
Лажица шеќер
Половина лажица сол
9 лажици масло за јадење
Брашно околу 700-800 гр. зависно од видот на брашното
Маргарин
Сирење

За премачкување:

Јајце, ким, сусам.. по желба

Од наведените состојки за тесто се замесува средно меко тесто и се остава да отстои 30-ина минути. Потоа од тестото се формираат 6 топки кои се оставаат уште 10 минути.



 Секоја топка се сука во кора која се мачка со омекнат маргарин и врз него се става сирење, па кората се витка во ролат. Постапката се повторува и со преостанатото тесто, и откако ќе се формираат ролатите се сечат (големина по ваша желба), па се ставаат во намрсен плех, стасуваат, се премачкуваат со јајце и ким или сусам, па  се печат 20-ина минути на 220 степени.