Поезијата од Славе Ѓорѓо Димоски преведена на италијански јазик

 Деновиве во италијанскиот портал за поезија Poetarum Silva беше објавена поезија од охридскиот поет Славе Ѓорѓо Димоски. Паралелно, на македонски и на италијански јазик се објавени седум негови творби во превод на Емилија Мирачиска.

Целиот прилог може да го погледнете на следниот линк.

  Дел од богатиот поетски опус на Славе Ѓорѓо Димоски, негови збирки, но и одделни песни и поетски циклуси се преведени на над триесет јазици. Добитник е на многубројни поетски награди, како во земјава, така и во странство.