И во есен посетете го Охрид

 Октомври е, и веќе може да се каже дека летната сезона во Охрид е завршена, но тоа не значи дека градот е затворен за посета и одмор.

 Октомври е време најповолно за сите оние кои бараат излез од секојдневните гужви, од работните обврски, но и од жешките забави и случувања кои ги има во текот на туристичката сезона. Сега е момент за одмор на сите сетила, за полнење на батерии и уживање во времето кое е наклонето со топли, сончеви и пријатни денови. Не двоумете се, и во октомври, но и секој поволен викенд, искористете го и посетете го бисерот на Македонија, Охрид.

 Велат, зелената природа е вистински одмор за очите. Тоа не е исклучок ниту со фотографијата на нашиот сограѓанин Кирил Димов – Гафиљ. Добра ноќ.