Во сеќавање на поетот и собирач на народно творештво Блаже Тренески


 НУ Библиотека „Григор Прличев“ од Охрид ја продолжува практиката да одбележува значајни годишнини сврзани со творештвото на роднокрајните автори.

 Оваа и следната недела во библиотеката на пригоден начин ќе биде одбележана 87 годишнината од  раѓањето на поетот и собирач на народно творештво Блаже Тренески.



 Блаже Тренески е роден на 12 октомври 1931 година во село Врбјани а почина на 1 мај 2015 во Охрид.
Во негова чест од среда 3 октомври до петок 12 октомври во НУ Библиотека „Григор Прличев“ ќе биде поставена изложба на 12 книги - дела  од овој роднокраен автор кои заинтересираните ќе можат да ги погледаат и прочитаат.