Во Лагадин традиционално одбележан празникот на светите маченички Софија, Вера, Надеж и Љубов

 Денешниот празник посветен на светите маченички Вера, Љубов, Надеж и нивната мајка Софија верниците во Охрид го чествуваат со посета на црквата посветена на овие великомаченички, која се наоѓа на брегот на Езерото во Лагадин.
 Црквата ја изгради охриѓанецот Љупчо Патче пред точно 18 години, по повод 2000 години христијанство.



По повод празникот во 13 часот се одржа и богослужба на која се освети вода и леб, а по службата следуваше традиционалниот ручек кој домаќините на црквата го подготвуваат за верниците.




 Собраните средства кои на празникот се оставаат во ова свето место, секогаш се донираат во хуманитарни цели.