За време на викендов во Охрид не се очекува дожд

 Вечерва и во текот на ноќта во Охрид ќе биде претежно облачно со минимална ноќна температура од 6˚С.

 Во текот на утрешниот ден, и во недела, според метеоролозите времето ќе биде слично на денешното со максимална дневна температура од 19˚ во сабота, односно максимални 17˚С во недела.
Иако деновиве температурите беа во опаѓање, и на прагот на есента времето соодветно есенски се однесува, сепак, ќе биде делумно сончево со чести наоблачувања, но не се очекуваат врнежи од дожд.

Имајте пријатен викенд!