Викендов се одржа креативно и уникатно ШОУ за Промоција на хумани вредности


 Охридската публика го исполна амфитеатарот на Факултетот за туризам и угостителство и уживаше во  креативното и уникатно ПХВ ШОУ кое викендов го реализираа младинците на Црвен крст Охрид, учесници на овогодинешниот циклус на програмата Промоција на хумани вредности-Црвен крст во акција (ПХВ-ЦКА). 



 
 Тие ги претставија 6-те проекти кои ги изработија како дел од програмата ЦКА-ПХВ и преку кои дирекно  помогнаа  50 луѓе, обезбедувајќи апарати за домаќинство, средства за лекување,  екскурзија, а се изработи и еколошко градско катче. Посебен сјај на ова ПХВ ШОУ дадоа дел од охридските херои, нашите познати сограѓани, успешни и докажани во својата област на делување Марко Пејчиноски, Владимир Четкар, Јован Цветкоски, Гордана Лолеска и Иван Цветкоски,  кои пред присутните ги истакнаа своите успешни приказни и одржаа мотивациски говори.




 Овој настан беше можност да се доделат благодарници на бројни поединци, фирми, институции кои ја помогнаа реализацијата на проектите.