Нека секој ден биде светски ден на Мирот!

 На 21 септември, традиционално се одбележува Меѓународниот ден на мирот, преку низа активности и свечености низ целиот свет. Тоа е можност поединци и организации на ист ден да дадат практичен удел во подигнувањето на јавната свест за прашањата поврзани со мирот.

Овој ден е посветен на светскиот мир, со идеја за отсуство на војна и насилство, овозможување на привремен прекин на огнот во борбените зони за пристап на хуманитарна помош и апел до сите за мирен ден и правење добри дела.

 Меѓународниот ден на мирот е основан во 1981 година, кога Генералното собрание на Обединетите нации едногласно ја има усвоено Резолуцијата 36/67, со цел промовирање на идеалите на мирот, а 21 септември официјално е избран за одбележување на овој ден во 2001 година.