Утре, сабота, (11.08.2018) по втор пат ќе се одржи Интернационалниот Олимписки пливачки маратон `Охрид 2018`

  Утре, (сабота, 11.08.2018), по втор пат во Македонија ќе се одржи Интернационалниот Олимписки пливачки маратон на 10км, `Охрид 2018`.

  Маратонот ќе се одржи на водената површина помеѓу "Старото пристаниште - хотел Палас" и хотел Милениум. Предвидено е стартот на трката за мажи да биде во 12 часот, а за жени во 12:05, а пристигнувањето на пливачите на целта се очекува околу 14 часот кога на победниците ќе им се доделат медали.
 За регуларноста на пливачкиот Маратон на 10км, како олимписка дисциплина, ќе се грижат судии од Меѓународната пливачка федерација ФИНА и клубот Охридски бранови 2008.