Два дена масовна посетеност на охридските храмови (фото)

  Православните верници вчера го чествуваа денот на Св. Петка, а денес се празнува Св. Климент.

 Овие августовски празнувања секоја година ги исполнуваат со голем број верници  црквите кои  ги носат имињата на овие светци, а најпосетени се црквата Св. Петка во село Велгошти и црквата посветена на светите Климент и Пантелејмон – Плаошник. И годинава посетеноста беше во очекувано голем број. Синоќа,  а и утрово,  Плаошник е отворен  како за домашните, така и за  гостите кои летниот одмор го минуваат  во Охрид.


               Плаошник - фото Митко Лукан




                     Црква Св. Петка - Велгошти