Охриѓани се едуцираа за борба против вирусен хепатит

  И оваа година Здружението Опција Охрид и Црвен Крст Охрид со поддршка на Општина Охрид го одбележаа 28 јули светскиот ден за борба против вирусен хепатит и се приклучија кон Глобалната кампања за застапување и подигање на јавната свест за зголемување на дијагностиката и третманот на вирусен хепатитис.
 


 
Глобалната кампања на Светската хепатит алијанса (WHA) - најди ги милионите кои недостасуваат - е тригодишна глобална кампања за подигање на јавната свест и застапување, насочена кон справување со главните бариери за дијагностицирање, ставајќи ги граѓанските организации и заедницата во срцето на решението.
 
 
  • Беа одржани едукативни работилници со целните групи на Опција Охрид- корисници на дроги и Сексуални работници во канцеларија и на терен
  • Учество на манифестацијата ,,Трпејца на зајдисонце,,- Опција Охрид со своја презентација и едукативен материјал
  • Едукативни работилници со спасители на вода, кои на плажите на општата популација поделија околу 500 флаери и кондоми
  • Едукативна работилница за вирусен хепатит во ЈУ Затвор Охрид, каде се поделија хигиенски пакети и едукативен материјал
 

  Никој не треба да живее со вирусен хепатит без да знае. Сепак глобално , на светско ниво повеќе од 290 милиони мажи жени и деца живеат со тоа. Во 2016 год. 194 влади се обврзаа да го елиминираат вирусниот хепатит како закана за јавното здравје до 2030 год. Притоа се обврзаа да дијагностицираат 90% од луѓето кои живеат со вирусен хепатит до 2030 год. До денес, само 11% од луѓето се свесни за нивната состојба.