Човекот амфибија утре ќе се обиде да постави светски рекорд пливајќи во Охридското Езеро

  Се е подготвено за утрешниот подвиг на Јане Петков и поставување на нов светски рекорд во пливање со врзани раце и нозе, во вреќа, должина од 3,5 км., во водите на Охридското езеро.

 На денешната ПРЕСС конференција Јане Петков кажа дека се чувствува одлично и дека е подготвен да плива врзан во вреќа и повеќе од 3,5 км. и постави нов светски рекорд. Од страна на организаторот на овој несекојдневен и атрактивен настан Црвен крст Охрид, претседателот Сашо Точков истакна дека преземени се сите потребни мерки за безбедно одвивање на настанот, обезбеден е доволен број на екипи на спасители на вода и медицински екипи, судии кои ќе го следат настанот, како и друг технички персонал.


 
 Денес беа направени и здравствен преглед и лабораториски анализи на крв од кои се потврди специфичната здравствена состојба на Јане Петков со значително помали вредности на железо и хемоглобин во крвта, од нормалните вредности. Сепак веруваме и посакуваме Јане Петков да успее во својот подвиг и токму во Охрид, на охридското езеро го постави новиот светски рекорд во пливање со врзани раце и нозе, во вреќа.Претставникот на општина Петрич, Бугарија, Евгениј Илиев го потенцира големиот интерес во Бугарија за овој настан и поддршката што општина Петрич ја дава на Јане и во организацијата на овој настан.
Јане Петков утре ќе стартува околу 9 ч. од вода, пред плажата Немо (Горица 3).

Поврзани блог статии