Вечерва - јубилејно, 30-то издание на Поетска ноќ во Велестово

 
 
  Вечерва во 21:00 часот, во живописното Велестово, на падините на Галичица започнува
Јубилејната 30-та Поетска ноќ во Велестово

 
 
  Оваа година, Поетската ноќ во Велестово ќе биде посветена на новата македонска поезија.
Во соработка со издавачката куќа ПНВ Публикации од Скопје, објавена е и панорама на поновата македонска поезија под наслов „Гласови на новиот век“, во која се застапени 32 македонски поети. Дел од нив ќе настапат вечерва на манифестацијата, па така, ќе имаме можност да уживаме во стиховите на:
 
Јовица Ивановски
Тихомир Јанчовски
Елизабета Баковска
Николина Андова Шопова
Ѓоко Здравески
Исток Улчар
 
Во тремот на црквата „Успение на Пресвета Богородица“ ќе биде отворена изложбата РАЈОТ ПОСТОИ – 15 години Уметничка резиденција „Арт Поинт - Гумно“ со дела  инспирирани од доживувањата на руралните простори на горен Демир Хисар од уметници од светот.
 
Програмата ќе ја отвори познатиот охридски саксофонист, Горан Папаз.
 
Членови на планинарско-велосипедското друштво З’Ш АВАНТУРА ќе пристигнат пред почетокот на манифестацијата од различни места на Галичица, за да го поздрават јубилејот.
 
 
Манифестацијата е поддржана од општина Охрид и Комерцијална Банка.
 

Поврзани блог статии