Јане Петков им предаваше на охриѓани

  Голем интерес кај охриѓани за предавањето на Јане Петков-„човекот амфибија“ кое во организација на Црвен крст Охрид вчера се одржа во просториите на Црвен крст Охрид.



  Јане Петков на присутните им презентираше техники на трифазно и четирифазно дишење, како и вештини на користење на мислата и концентрацијата при изведување на неговите подвизи во препливување на водени површиним врзан за рацете и нозете со ланци и во вреќа, без користење на никакви помагала.



Еден таков, несекојдневен и необичен подвиг шеесет и четири годишниот Јане Петков ќе се обиде да изведе на 24 јули 2018 г. на Охридското езеро со препливување на  повеќе од 3500 м. врзан со ланци и во вреќа.

Поврзани блог статии