Утре, (недела,01.07.2018), ќе се одиграат завршните натпревари од меморијалниот турнир во мал фудбал Ѓоко Чингоски во с.Велгошти

 Утре, (01.07.2018) ќе се одиграат завршните натпревари од меморијалниот турнир во мал фудбал Ѓоко Чингоски во с.Велгошти.

  Финалните натпревари ќе ги играат екипи кои ќе се борат за првите три места на турнирот, а соодветно ќе бидат наградени со симболични парични награди и тоа: екипата која ќе биде дефинитивен победник на турнирот ќе добие 10.000, денари, екипата која ќе го освои второто место ќе биде наградена со 5.000,денари, додека за третопласираната екипа се загарантирани 2.500. денари.

 Утре ќе се одиграат два натпревари, и тоа во 20:30 часот ќе се игра за трето место, а борбата ќе биде меѓу екипите Танес и Беаст.

 Финалето  е во 21:30 часот кога силите ќе ги мерат екипите на Пица Атлантик и Мир Мисс, кои ќе се борат за титулата шампиони на овој меморијален турнир.
Натпреварите се играат на игралиштето во село Велгошти.