Конечно следат вистински летни денови!

 Денес времето во Охрид ќе биде постабилно со подолги сончеви периоди и потопло, максимумот на дневната температура ќе биде до 22˚С. 
 Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Услови за краткотрајни врнежи од дожд ќе се развијат во попладневните часови.
 
 Од вечерва се очекува разведрување и стабилизарање на времето, а тоа значи и пораст на дневните температури. Конечно следат вистински летни денови!