Екипите на ЦЈЗ Охрид ќе вршат запрашување против комарци во Охрид, Дебрца, Вевчани, Дебар и Центар Жупа

 
 Центарот за јавно здравје Охрид ги  известува граѓаните кои одгледуваат пчели на подрачјето на општините Охрид, Дебрца, Вевчани, Дебар и Центар Жупа  дека поради најава на неповолни временски услови  (ветар, дожд) за утрешниот ден, најавената теристичка (од земја) дезинсекција против комарци ќе се спроведе во деновите:  27.06.2018 год.(среда), 28.06.2018 (четврток), и 29.06.2018 (петок) во период од 20 до 06 часот со апарат за УЛВ ладно запрашување.

 Со дезинсекцијата ќе бидат опфатени соодветни територии на општините Охрид, Дебрца, Вевчани, Дебар и Центар Жупа.

Се молат пчеларите и пчеларските задруги да ги превземат   соодветните мерки за заштита на на пчелите.
 
За сите информации и прашања отворен телефон за контакт во Центар за јавно здравје Охрид е  231 - 881 и  230 - 231