Црвен крст Охрид организира крводарителска акција – приклучете се, дарувајте!

 Со цел обезбедување на доволни количества крв и крвни продукти за потребите на пациентите во здравствените установи во Охрид во летниот период, Црвен крст Охрид организира крводарителска акција која ќе се реализира на 26.06.2018 (вторник) во просториите на ОСУ Св.Климент Охридски-Гимназија во периодот од 9-13 ч.

- Ги покануваме нашите сограѓани кои сакаат да ја искажат својата хуманост дарувајќи ја драгоцената течност да бидат активни учесници на оваа крводарителска акција – апелираат од Црвен крст Охрид.