Децата од Нашата Улица - детска креативност која заслужува пофалба! (фото)

 
 Неколку дечиња, основци, од едно охридско маало, дошле до идеја да направат приредба за своите најблиски, и навистина добро се подготвиле, и направиле сето тоа да изгледа што е можно попрофесионално. Интересна и за поздрав е сета оваа претстава, бидејќи денес се чини е реткост да се ужива во ваков тип детска забава, кога сè најчесто се сведува на интернет, социјални мрежи и компјутерски игри.




 Елеонора, Јована, Евгенија, Номче, Горазд и Благоја заслужуваат чиста петка за овој  мал проект кој го насловија “Децата од Нашата улица”.  Освен што рецитираа, играа, пееја, свиреа имаа и драмски дел кој беше интересен и зачинет со многу комични сцени.


 
 Ова нека биде потсетување и поттик за сите други дечиња, но и за родителите – да соработуваат со најмладите и секако да ги потсетуваат на вредностите кои дечињата ги поседуваат.