Денес најстуден ден за овој период од годината


 Денес во Охрид времето е променливо облачно со услови за дожд, и студено за овој период од годината.
 

Максималната дневна температура го достигна 17-от степен Целзиусов. И вечерва ќе биде облачно, свежо и студено време со можни врнежи од дожд и грмотевици. Температурата во текот на ноќта ќе биде до 8˚С.

 Нестабилноста на времето  ќе се задржи и следнава недела, кога ќе преовладува облачно време со повремени врнежи и грмежи. Максималните  температурите ќе се движат во интервал од 17 до 23 ˚С, а пораст на истите се очекува за време на следниот викенд.





фото: архива, ohridmagazine.com