Денес календарски започнува летото!

 Денес  во Македонија и на северната хемисфера почнува летото. Истовремено на јужната полутопка настапува зимата.

 Во Македонија летото ќе пристигне  во 12 часот и 7 минути. Првиот ден од летото е најдолг во годината  и ќе трае 15 часа и 14 минути. Сонцето изгреа  во 4 часот и 58 минути, а ќе зајде во 20 часот и 12 минути.

На дочекот на летото, времето е променливо,  во овие мигови сончево со мала до умерена облачност, а попладне, според најавите на синоптичарите, повторно  ќе има локална појава на пороен дожд и грмежи. Веќе од петок се очекува поизразена нестабилност со поројни дождови и посвежо време.

Летото, според календарот, ќе заврши на 22 септември кога започнува есента.




фото: Митко Лукан